Синоќа околу 21.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Гостивар од слобода го лишиле Н.И. (34) с. Дебреше-гостиварско, кој бил затекнат додека извршувал тешка кражба во мини-маркет во с. Врапчиште.
Тој насилно ја отворил влезната врата, влегол внатре, одзел одредена сума на пари, но набргу бил фатен и задржан во полициската станица.
По целосно расчистување на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.