Хроника 22. февруари 2019. / 22:08

Кочани: Мајка го украла автомобилот на ќерка си, за да го подари на своето момче

Кочани: Мајка го украла автомобилот на ќерка си, за да го подари на своето момче

А.А. од Кочани, ќерка на О.А. пријавила дека нејзината мајка ѝ го украла клучот од нејзиното возило „мазда”, фалсификувала потпис на нотар по што возилото добива нов сопственик. Потоа мајката возилото го подарила на својот дечко М.М.. Ќерката А.А. целиот случај го пријавила во полиција, по што возилото било пронајдено и ѝ било вратено.

МВР информира дека истрагата околу овој случај сѐ уште трае, а по комплетирање на целокупната документација и со консултација со надлежниот јавен обвинител ќе биде поднесен соодветен поднесок до ОЈО Скопје.