Од болницата „8 септември“ кријат дека поранешниот министер Миле Јанакиески се здобил со повреди од денешниот инцидент кој се случил во „Шутка“.
Од болницата велат дека Јанакиевски бил прегледан, но не биле констатирани телесни повреди, по што тој ќе биде вратен во Шутка.
Инаку Лидер откри дека на Јанакиески му била скршена раката.
– Поранешниот министер Миле Јанакиески со скршеници е пренесен во градската болница „8-ми септември“ откако попладневно беше претепан во затворот во Шутка, од обвинети терористи за случајот Диво Насеље. – дознава Лидер од извори во затворот.
Инаку во моментов се очекува во болницата да дојде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и да побара да го види повредениот Јанакиески, бидејќи тој како и целата јавност не веруваат во тврдењето на болницата.