Хроника 28. јуни 2020. / 11:11

Казни за 557 граѓани за неносење маски

Казни за 557 граѓани за неносење маски

Во текот на изминатото деноноќие на територија на државата, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 557 прекршоци, соопштија од МВР.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.