Хроника 21. август 2020. / 09:40

Казни за 501 лице за неносење маска во последните 24 часа

Казни за 501 лице за неносење маска во последните 24 часа

По однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 501 прекршок во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.