Хроника 03. август 2020. / 11:42

Казни за 359 лица што не носеле маски

Казни за 359 лица што не носеле маски

Во текот на изминатото деноноќие (02/03.08.2020 година) на територијата на Македонија, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 359 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.