Хроника 14. јули 2020. / 11:21

Казни за 169 лица за неносење заштитна маска

Казни за 169 лица за неносење заштитна маска

Полициски службеници досега констатирале вкупно 29.619 прекршоци за неносење лична заштита на лицето од кои 169 прекршоци се направени во изминатото деноноќие.

Во координација со Државниот пазарен инспекторат во текот на изминатото деноноќие извршени се 43 контроли во објекти при што не се евидентирани објекти кои не ги почитувале одлуките на владата.

На територијата на целата држава на вкупно 313 лице им се издадени решенија за изолација, а пет лица потпишале изјави за самоизолација. Извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што не се евидентирани лица кои не ги почитувале овие мерки – извести министерството за внатрешни работи.