Штипското обвинителство денеска побара парични казни во висина од по 100 дневни глоби, секоја од нив со висина од по 20 евра во денарска противвредност за три лица кои го прекршиле полицискиот час.
За обвинетите се поднесени предлози за издавање казнени налози, бидејќи за време на епидемија не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за нејзино сузбивање или спречување односно Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република С. Македонија.
– Тие во одделни кривично правни настани, пеш или со патнички возила се движеле низ Штип на 25 и 26 март. Со тоа го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија, појаснија во денешното соопштение од Јавно обвинителство на Република С. Македонија.