Хроника 30. ноември 2020. / 11:52

Казнети 538 лица за неносење маска

Казнети 538 лица за неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 538 прекршоци, соопшти денеска МВР.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.