Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот и само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 354 мерки.
Од вкупниот број казни 43 се за технички неисправни и нерегистрирани возила, 8 за недавање на првенство на минување, 23 за користење на мобилен телефон, 76 за непрописно паркирани возила и 46 возила се подигнати од „пајак“ службата, Изречени се и 30 санкции за неносење на заштитна маска.
Од МВР додаваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.