Хроника 31. јули 2020. / 11:02

Казнети 333 граѓани за неносење маски

Казнети 333 граѓани за неносење маски

Во текот на изминатото деноноќие (30/31.07.2020 година) на територијата на Република Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 333 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.