Хроника 08. декември 2019. / 19:45

Камелија Турс се огласија по несреќата во Србија: Чувствуваме одговорност

Камелија Турс се огласија по несреќата во Србија: Чувствуваме одговорност

Чувствуваме одговорност за немиолиот настан и подготвени сме како агенција согласно законите доколку самите патници кои што вчера доживеаа сообраќајна несреќа побараат обештетување , тоа да го направиме.

Ова го велат од туристичката агенција Камелија турс за 24 Вести по несреќата вчера.

Од таму додаваат дека тие само организатори, а додека друга агенција се јавува како превозник на патниците.

За потсетување, македонски туристи се повредени откако вчера патувајќи кон Копаоник, автобусот со кој се возеа се преврте на страна на автопатот Блаце – Белољин кој е во фаза на реконструкција во соседна Србија.

За среќа иако има повредени, нема жртви, а причините се утврдуваат.