Хроника 05. март 2021. / 10:24

Како на филм: Двојно убиство во Топанско – ги застрелале додека седеле во автомобил

Како на филм: Двојно убиство во Топанско – ги застрелале додека седеле во автомобил

Двајца мртви е епилогот од пукотниците кои утринава се случиле во скопската населба Топанско Поле.

Двојното убиство се случило околу 3 часот утринава на ул. Македонско-Косовска бригада, кога напаѓачите излегле од возило и со пиштол и со автоматска пушка „калашников“ пукале во две лица кои седеле во паркирано возило.

Од МВР соопштија за идентитетот на жртвите.

– Утврден е идентитетот на лицата А.Б.(28) и Б.В.(24), двајцата од Скопје. Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот, велат од МВР.

Жртвите биле на возраст од 24 и 28 години. Тие биле пронајдени мртви, а пукањето било пријавено од лица кои случајно се затекнале на местото и слушнале пукање. На местото се пронајдени повеќе чаури од пуштил и автоматска пушка.

Убиените се превезувале со патничко моторно возило „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки. Итната медицинска помош констатирала само дека двете лица не давале знаци на живот.

Бројни полициски сили се на местото на настанот и го испитуваат случајот. Засега не е познат мотивот за убиството. Според информациите на медиумите, напаѓачите се во бегство.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.