Хроника 23. јануари 2021. / 17:15

Ја нападнал сопругата и ќерката, по што бил приведен

Ја нападнал сопругата и ќерката, по што бил приведен

На 22.01.2021 во 21.00 часот во Полициската станица Тетово, 35 – годишна жена од тетовско село пријавила дека околу 18.00 часот во нивниот дом, нејзиниот сопруг Т.М.(35) физички ја напднал неа и нивната ќерка и оштетил дел од покуќнината.

Тој бил приведен во полициски станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.