Хроника 30. март 2018. / 11:32

Изгоре автобус полн со работници во Тајланд

Изгоре автобус полн со работници во Тајланд

Најмалку 20 мигрантски работници од Мајанмар загинаа во пожарот кој изби во автобус во Тајланд.

Несреќата се случила ноќеска во провинцијата Так на граница со Мјанмар. Во двокатен автобус работниците се возеле до фабрика во индустриска зона во близина на Бангок. Несреќните работници само што ја преминале границата пред да се случи несреќата.

Полицијата изјави дека 27 луѓе успеале да се спасат, а една личност се здобила со тешки изгореници. Причината за настанатиот пожар е непозната. Возачот изјавил дека пожарот избил на средина и брзо почнал да се шири.

Луѓето кои седеле напред успеале да се спасат, а тие што биле позади останале заробени.