Хроника 21. мај 2019. / 16:18

Избоден малолетник пред бурекџилница во Чаир

Избоден малолетник пред бурекџилница во Чаир

Малолетникот бил пренесен во градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде е задржан на лекување, објави Слободен печат.

Синоќа околу 22.50 часот во поилиција е пријавено дека пред бурекџилница на улицата „Емин Дураку“ неколкумина насилници нападнале 13-годишно момче од Скопје.

Еден од нив со остар предмет му нанел убодни рани во грбот и левата рака. Малолетникот бил пренесен во градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде е задржан на лекување. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.