Дваесетина минути пред полноќ во Полициската станица Аеродром, 53-гоидшниот М.К. од Тетово пријавил дека истиот ден околу 23 часот пред казино во Трговски центар „Скопјанка“ физички бил нападнат од неколку непознати лица.
Од нападот М.К. се здобил со повреди и бил пренесен во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.