Во ек на полициски час, има и такви граѓани кои не ги почитуваат мерките, Еве во кои градови најмногу не се почитувале мерките, а граѓаните ќе си платат парични казни
Девет Кумановци и жител на Крива Паланка
Основното јавно обвинителство Куманово побара парични казни во висина до 1.000 евра во денарска потиввредност за девет жители на Куманово и за еден жител на Крива Паланка, кои во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, соопшти Јавното обвинителство.Обвинетите, како што се посочува, не ги почитувале донесените мерки и одлуки за забрана на движење на населението на територијата на Македонија, па без дозвола се движеле низ Куманово и Крива Паланка.
Осум велешани
Основното јавно обвинителство Велес до Основниот суд Велес денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против осум лица за кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик. Обвинетите постапиле спротивно на одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија и за време на полициски час, како што соопштија денеска од Јавното обвинителство на република Северна Македонија, се движеле на различни локации во градот. Притоа, се наведува, биле затекнати од полициски службеници. Надлежното обвинителство на судот му предложило за сите обвинети да изрече парични казни од 40 дневни глоби во вредност од по 20 евра, односно вкупни казни од по 800 евра во денарска противвредност.
Деветнаесет скопјани
По 2.000 евра е предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје да се казнат 19 лица кои изминатото деноноќие го прекршиле полицискиот час.
Сите обвинети, како што информираат од ЈО, не ја почитувале одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија и за време на полицискиот час, во одделни кривично-правни настани, биле затекнати како се движат надвор од своите домови без да поседуваат дозвола за тоа.
Пет лица од Прилеп и четири од Куманово
Основното јавно обвинителство Прилеп до Основниот суд Прилеп предложи казни од по 2.000 евра за пет лица од Прилеп и четворица од Крушево за непочитување на полицискиот час. Јавното обвинителство соопшти дека сите обвинети не ги почитувале мерките на Владата за сузбивање и спречување на заразната болест COVID-19, односно за време на полицискиот час биле затекнати надвор од своите домови без да поседуваат дозвола за движење.
Четири лица од Битола
Четири лица во Битола во одделни кривично правни настани за време додека забраната за движење на населението на целата територија на државата била во сила, биле затекнати од полициски службеници од СВР Битола како се движат пеш без притоа да поседуваат дозвола за движење.Како што денеска соопшти Јавното обвинителство на РС Македонија, обвинетите на 21.04.2020 година за време на пандемија прогласена од страна на Генералниот секретар на Светската здравствена организација поради опасна заразна болест Ковид -19 не постапилe според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за нејзино сузбивање или спречување.
– Заради стореното кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик, обвинителството му предложи на судот за секој од обвинетите да изрече парична казна во висина од по 100 дневни глоби, секоја дневна глоба во износ од по 20 евра во денарска проиввредност, стои во соопштението од ЈО.
Осум лица во Делчево
Предлог за казнени налози денеска издаде Основното јавно обвинителство Делчево за осум лица кои не постапување според здравствени прописи за време на епидемија. Јавното обвинителлство информираше дека обвинетите за време на викендот, додека во сила била забраната за движење на населението на територијата на Македонија , се движеле пеш или со возила низ градот. Со тоа, не ги почитувале здравствените прописи и го сториле кривичното дело, а за што обвинителството побара од надлежниот суд да им биде изречена парична казна.
Парични казни за 24 лица од Струмица
Струмичкото јавно обвинителство Струмица до Основниот суд во Струмица поднесе предлози за издавање казнени налози за 24 лица поради стореното кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
-Обвинетите за време на викендот, не ги почитувале одлуките и мерките на Владата, со кои се забранува движење на населението на територијата на државата. Со тоа, секој од нив, во одделни кривично правни настани, не постапил согласно прописите за сузбивање или спречување на опасната заразна болест предизвикана од коронавирусот, поради која е прогласена пандемија, соопшти денеска Обвинителството.
За секој од обвинетите, Основното јавно обвинителство предложи судот да изрече парична казна во висина од по 100 дневни глоби, а секоја дневна глоба да е во висина од по 10 или 20 евра во денарска противвредност.
Во Гостиварското кривично ќе одговараат 81 лице
За непочитување на полицискиот час и отворени локали во гостиварскиот регион, полицијата до Основното Јавно обвинителство поднела седумдесет кривични пријави. Вкупниот износ на глобите кои ќе треба да се платат може да надмине 100 илјади евра.
Од СВР Тетово информираа дека на поширокото гостиварско подрачје откако се почнало со практичнато спроведување на одлуките за спречување на ширењето на заразата, изготвени се 70 кривични пријави за кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ по член 206 од Кривичниот законик.
– За непочитување на одлуките за ограничено движење на граѓаните, како и на повеќето здравствено-превентивни и други мерки за спречување на ширењето, односно за справување со корона-вирусот „Ковид 19“, заклучно со денеска (22 април), изготвени се 70 кривични пријави за исто толку кривични дела. Во овие кривични дела вкупниот број на сторители, опфатени во пријавите, изнесува 81, изјави за МИА Марјан Јосифоски портпаролот на СВР Тетово.
Покрај пријавените имало и неколку предупредувања кои завршиле со опомени. Сите кривични пријави се доставени до надлежното обвинителество по што ќе следат и судски разврски.
Доколку се пресмета приближен просек (две илјади) на глобите кои се движат од една до пет илјади евра, вкупната сума која граѓаните ќе треба да ја платат може да надмине сто илјади евра.
Меѓу пријавените има седумина се угостители, во чии локали биле служени гости. Пет биле во Гостивар и два во Општина Врапчиште. Висока глоба и казна затвор му се заканува и на жител на селото Чегране кој и покрај решението за изолација, бил затекнат надвор од домот.