Хроника

Гнездо со пет мали штркчиња изгоре во пожар во Кавадарци

Гнездо со пет мали штркчиња изгоре во пожар во Кавадарци

Гнездо на штркови во кое имаше пет мали штркчиња изгоре денеска во кавадаречкото село Сопот. Интервенирала и Територијалната противпожарна единица од Кавадарци. Командирот Илчо Богевски рече за МИА дека според првичните информации, можно е поради змија или меѓусебно туркање, штрковите да предизвикале допирање на две жици и спој, по што настанал пожарот.

Изгорел и дел од бандерата, но спречено е огнот да се прошири на блискиот објект. Очевидците изразија жалење што не се успеало да се спасат младите штркчиња.

– Видно вознемирени, возрасните единки седеа до последен момент во гнездото, како да бараа начин да ја спасат својата рожба. За жал, не можевме да им помогнеме на време, иако се јавивме во противпожарната служба и ЕВН, рекоа очевидци.