Хроника 21. јули 2019. / 19:30

(ФОТО) Тешка сообраќајка попладнево кај Охрид – едно лице повредено

(ФОТО) Тешка сообраќајка попладнево кај Охрид – едно лице повредено

Тешка сообраќајка се случи денеска, после аеродромот во Охрид, пред селото Мешеишта, објави Фактор.

Според фотографиите кои што ги доби редакцијата на Фактор и според информациите од местото на настанот, сообраќајката се случила помеѓу патничко возило и моторцикл.

Повредено е лицето кое било на моторот, но е контактибилно.

Полицијата врши увид на местото на незгодата и го регулира сообраќајот, кој поради несреќата се одвива отежнато.