Фатална сообраќајна несреќа се случила вечерва во скопската населба Драчево.
Како што неофицијално дознава Лидер од извори од лице место, во сообраќајната несреќа има 5 загинати лица.
До нас пристигнаа и фотографии од кобниот настан, на кои се гледа дека еден од автомобилите е целосно уништен.
На лице место се спасувачки екипи, полиција но и противпожарно возило.