Хроника 11. јули 2019. / 09:34

(ФОТО) Кампот „Љубаништа“ урнисан по синоќешното невреме

(ФОТО) Кампот „Љубаништа“ урнисан по синоќешното невреме

Охридското крајбрежје синоќа беше зафатено од невреме, проследено со силен ветер и дожд. Во автокампот Љубаништа, кај Свети Наум, уништени се дел од приколките и шаторите.

Фотографиите на еден од гостите во кампот сведочат за страшното невреме и причинатите штети од силниот ветер, како искршени дрвја кои паѓале врз приколки.