Секторот за внатрешни работи Скопје до Основно јавно обвинителство поднесе две кривични пријави против 57-годишниот С.Т. и 27-годишниот И.В. двајцата од Скопје поради основано сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик на Република Македонија, информираат од полицијата.
При извршен преглед и легитимирање кај пријавените била пронајдена марихуана, додаваат од полицијата.