Хроника 08. септември 2018. / 18:42

Едно лице загина во тешка сообраќајка кај Плетвар

Едно лице загина во тешка сообраќајка кај Плетвар

Тешка сообраќајна несреќа во која едно лице го загуби животот се случи попладнево околу 17:20 часот на патот Прилеп-Градско, кај Плетвар.

Според првичните информации во несреќата учествувале автомобил и мотор, а при директниот судир животот на лице место го загубил мотоциклистот.

Неофицијално во несреќата повредени се уште две лица.

Од МВР потврдија дека е случена сообраќајна несреќа, но не откриваат повеќе детали.

Повеќе информации ќе бидат познати по завршувањето на полицискиот увид кој е во тек.

Сообраќајот на овој патен правец со одвива со наизменично пропуштање на возилата.