Една жртва и други повредени има во тешката сообраќајка вечерва помеѓу трактор и два автомобила во Кавадарци.
Од Итната медицинска помош потврдија за МИА дека засега со сигурност може да се каже дека има една жртва, а точниот број на повредени засега не може да се каже.
Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски рече дека во тек е увид на лице место и засега не може да каже повеќе детали.