Вчера околу пладне било пријавено дека во Затвор – Скопје, настанал пожар, при што била опожарена соба од затворено одделение.
Eден припадник на затворската полиција и тројца затвореници биле пренесени во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.
Пожарот бил изгаснат од страна на екипи од Бригадата за противпожарна заштита. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.