Хроника 01. септември 2019. / 14:52

Еден од поголемите нарко-дилери од полошкиот регион уапсен во Прилеп

Еден од поголемите нарко-дилери од полошкиот регион уапсен во Прилеп

Tрговец со наркотици, со иницијали Ш.Б. за кој се смета дека е еден од попознатите нарко-дилери во полошкиот регион, е уапсен во Прилеп.

Како што дознава Алсат, при претрес во неговиот дом било пронајдено поголема количина бела прашкаста материја, за којашто треба да се утврди во кој тип наркотици припаѓа.

Инаку, полицијата веќе неколку години трага по овој човек, но досега не успеала да го приведе.