Хроника 07. март 2021. / 13:08

Фатени преку 500 килограми дрога, полицијата уапси тројца

Фатени преку 500 килограми дрога, полицијата уапси тројца

Полицијата вчера пресекла два канала за меѓународен транспорт на дрога. Запленети се над 500 килограми, а приведени се три лица.

Точната тежина се уште не е утврдена затоа што уште е во тек мерењато и вештачењето на запленетата дрога во Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења.

-Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал пресече меѓународен канал за транспорт на марихуана од Косово преку Македонија и Грција за Турција и до сега се запленети (измерени) 424 килограми марихуана и од слобода е лишено едно лице. Запленетата марихуана на нарко-пазарот во Турција се проценува дека би достигнала цена од над милион евра. Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Обвинителството во текот на денот ќе поднесе кривична пријава против Д.Н. (47) од Скопје, за сторено кривично дело – „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по член 215 ст.1 од Кривичниот законик. Во рамки на спроведенoто криминалистичко истражување утврдено е дека Д.Н. заради стекнување на противправна имотна корист заминал за Косово со цел да организира и изврши транспорт на марихуана од Косово преку Република Северна Македонија и Грција со крајна дестинација Турција, рече портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

Полицијата имала дојава, па по претходно изготвен плат заедно со Царина го претресла возилото Ивеко старлис3 со скопски регистерски ознаки кое влечело и приколка. Возилото било во сопсвеност на компанија, чие име не е откриено во јавноста.

-При претресот во приколката помеѓу легалната стока-отпадна хартија, пронајдени и одземени се 519 пакувања со марихуана, а одземени се и еден мобилен телефон со СИМ картичка, две сообраќајни дозволи, клучеви и документација. Во текот на денот продолжува претресот на товарното моторно возило, затоа што се работи за голема количина на стока. Д.Н. во текот на денот ќе биде изнесен пред судија на претходна постапка, појасни Ангеловски.