Хроника 13. јуни 2018. / 13:00

Еден изгорен, 8 стана оштетени: Ова било причината за пожарот во Дебар Маало

Еден изгорен, 8 стана оштетени: Ова било причината за пожарот во Дебар Маало

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 12 часот и 15 минути во Единицата за информации и команда Скопје, вработен во Бригадата за противпожарна заштита пријавил дека спроти Министерството за одбрана на улица„Дане Крапчев“ бил опожарен стан сопственост на Б.З.О..

Пожарот најверојатно бил предизвикан од дефект од неисправен бојлер.

-Од екипа на Бригадатаза противпожарна заштита Скопје пожарот бил ставен под контрола. Повредени лица нема, а од пожарот станот бил целосно опожарен. Исто така, два стана на истиот кат биле исчадени, а шест стана биле оштетени од водата при гаснење на пожарот, информираат од МВР.