Хроника 15. март 2021. / 16:58

Две лица се обиделе да обљубат девојка во Крушево

Две лица се обиделе да обљубат девојка во Крушево

Две лица се обиделе да извршат обљуба на девојка во Крушево, а таа случајот го пријавила во полиција.

Девојка од Крушево (23), вчера во Полициската станица Крушево пријавила дека Џ.К.(48) од с.Врбоец, крушевско и З.К.(31) од с.Кривогаштани, прилепско, се обиделе да извршат обљуба врз неа, соопштија од МВР.

– Тие биле приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.