Хроника 02. јули 2020. / 12:54

Двајца стaрци се степале во Ваташа

Двајца стaрци се степале во Ваташа

Во текот на вчерашниот ден во Полициската станица – Кавадарци било пријавено дека на ул.„Страшо Пинџур“ во Ваташа , М.Ј.(73) физички бил нападнат од Д.Т.(80) од Кавадарци.

Како што информира портпаролот на СВР – Велес, Верољуб Додевски, по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.