Хроника 24. април 2020. / 12:34

Драма во хотел „Дрим“: Момче кое било во карантин излегло од соба и нападнало полицајци

Драма во хотел „Дрим“: Момче кое било во карантин излегло од соба и нападнало полицајци

Еден од вратените граѓани од странство кои заминаа во задолжителен државен карантин во хотелот „Дрим“ во Струга нападнал полицајци, информираше СВР Охрид.

Станува збор за 25-годишно момче од кумановското село Матејче.

Излегол од собата и манифестирал недолично и агресивно однесување кон полициските службеници, кои вршеле службени дејства, и ги игнорирал нивните насоки, велат од СВР Охрид.

Против момчето е поднесена кривична пријава за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.