Хроника 09. јули 2019. / 16:52

Драма на патарината кај Градско: Удрил во кабината и си заминал

Драма на патарината кај Градско: Удрил во кабината и си заминал

Синоќа во 00:31 часот на наплатната станица „Градско“ влекач „Сканиа“ со косовски регистарски ознаки со приколка, управуван од засега непознат возач, откако ја платил патарината, тргнал и со десната страна од возилото удрил во наплатната кабина, со што предизвикал штета на наплатната кабина.

МВР информира дека после тоа, возачот не застанал и продолжил со движење кон Велес. Увид на местото извршила екипа од СВР Велес.

Полицијата работи на расчистување на случајот.