Хроника 01. ноември 2018. / 14:04

Директорот на болницата во Козле се огласи: Се појави чад но немаше пожар во болницата

Директорот на болницата во Козле се огласи: Се појави чад но немаше пожар во болницата

Откако излегоа неколку фотографии по социјалните мрежи дека „гори детската болница во Козле“, директорот на Болницата, д-р Ангелчо Андоновски, за ТВ21 изјави дека пожар немало воопшто, само уништување на електрична инсталација во еден од тоалетите.

– Пожар воопшто во болницата немаше, имаше топење на електрична инсталација во едно од купатилата. Ние ја испочитувавме целата процедура бидејќи болницата е акредитирана, за да можеме да се справиме со било кој момент што би ни следувал или се појави нешто несакано. Одделот и претходно беше евакуиран, само се појави некаков вид на чад. Но сепак да кажеме дека дотраеноста на одредени електро елементи кај нас што се наоѓаат сето тоа го предизвикаа. Пожар, пламени, немавме, уништен е инвентарот во тоалетот, бидејќи се сворила одредена температура од самата електрична струја. Беше итно повикана пожарната, бидејќи протоколите тоа ни го овозможуваат, дојде, утврдија се направи стручен екпертизам, почекаа соодветно 15 минути, траеше тој еден страв, хаос кој ни се случи во моментот, сепак многу брзо одговорија и екипите ние сме благодарни – изјави директорот на детската болница во Козле, д-р Ангелчо Андоновски.

Додаде дека тие лица кои на фотографиите се гледаат качени на покривот биле мајсторите од болницата и пожарникарите, деца во тој момент немало, а оние 6 деца кои лежеле во одделот се преместени во друг оддел, при што ќе следи средување на таа просторија.