Хроника

Директор си ги ставил во џеб парите што учениците ги собирале за списанија

Директор си ги ставил во џеб парите што учениците ги собирале за списанија

Против директор од Основно училиште во Струга поднесена е кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластувања.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга до Основното јавно обвинителство Струга поднесе кривична пријава против М.К.(37) од Струга, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело “злоупотреба на службена положба и овластување“. Пријавениот во својство на директор на ОУ „Страшо Пинџур“

– Вевчани спротивно на законските прописи и договорот склучен со „Просветно дело“ АД Скопје во период од 01.02. до 10.06.2016 година побарал од одделенските наставници да му ги предадат паричните средства собрани од учениците за списанија кои не ги уплатил на жиро сметка на издавачот“, соопшти МВР.

Директорот се стекнал со противправна имотна корист во износ од 24.920 денари.