Деветгодишник бил повреден од мопед вчера попладне во Кавадарци, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. Несреќата се случила на улицата „Вишешница“.
„Мопед марка Yiying 50 со кавадаречки регистарски таблици управуван од С.А.(55) од Кавадарци удрил во пешакот, кој се здобил со телесни повреди и е пренесен во ЈЗУ Општа Болница – Кавадарци, каде му е укажана медицинска помош“, појасни Додевски.
Увид на местото на настанот изврши екипа од ПС ОН Кавадарци.