Хроника 24. јуни 2018. / 13:46

Девет лица приведени по синоќешниот протест за името пред Собрание

Девет лица приведени по синоќешниот протест за името пред Собрание

Девет лица се приведени во акција на полицијата за одржување јавен ред и мир откако во текот на синоќешниот јавен собир во Скопје повеќе лица со маски – фантомки фрлале со камења кон полицискиот кордон.

– Во текот на вчерашниот јавен собир во Скопје, пред зградата на Собранието, околу 21.40 часот, повеќе лица со маски – фантомки почнаа со фрлање на камења кон полицискиот кордон, но веднаш потоа се повлекоа во правец кон „Жена парк“. При преземање на мерки и активности за одржување на јавниот ред и мир и извршен преглед кај повеќе лица на неколку локации во центарот на Скопје, приведени се девет лица кај кои се пронајдени пиротехнички средства, боксирач, скалпер, фантомки, заштитни маски со филтер и други предмети – соопштија од МВР.

Против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.