Хроника 10. декември 2018. / 12:05

Детали за вчерашната сообраќајка на Стража

Детали за вчерашната сообраќајка на Стража

Вчера во 17:50 часот било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар – Кичево, кај планински превој „Стража“ се случила сообраќајна незгода. Несреќата се случила помеѓу патничко моторно возило „Опел“ со тетовски регистерски ознаки, управувано од 27-годишниот Х.С. од Тетово, и патничко моторно возило „Киа Спортаж“ со скопски регистерски ознаки, управувано од 54-годишниот С.П. од Скопје.

По незгодата четворица повредени со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Клиничката болница во Тетово, каде им е укажана лекарска помош. Со тешки телесни повреди се здобиле возачите Х.С., С.П., сопатничката од возилото „Киа Спортаж“  Б.П.(49) и сопатникот од другото возило Б.С.(57). Четворицата повредени биле пренесени во Комплекс клиники “Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен е увид на местото на настанот.