Хроника 14. август 2020. / 13:09

Детали за убиството во Инџиково

Детали за убиството во Инџиково

Убиство во скопско Инџиково се случило синоќа околу полноќ.

Повикувајќи се на неофицијални информации Алсат телевизија објави дека лица маскирани во фантомки и вооружени влегле во куќата на 49-годишен жител, кој бил во домот со сопругата и истите ги легнале во ходникот, додека во друга соба имало роднини.

-Вооружените лица им побарале пари, откако сопственикот им кажал дека нема пари и дека има само возило џип во дворот и дека може да го земат, едно од лицата истрелало од пиштол кон него и го погодил во пределот на главата, по што починал, објави Алсат утрово.

Вчеравечер во 23.06 часот во СВР Скопје, М.Н. пријавила дека двор од куќа во с.Инџиково, скопско, при расправија на две лица со нејзиниот сопруг И.А.(49), едното од нив со пиштол пукало во него.

Според пријавеното, двете лица побарале пари од И.А., но кога им кажал дека нема пари, едното лице пукало кон него.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Се работи на расчистување на случајот.