Хроника 29. декември 2018. / 13:49

Детали за убиството во Ѓорче: Поради 300 евра си го убил пријателот

Детали за убиството во Ѓорче: Поради 300 евра си го убил пријателот

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид на лице место во населбата Даме Груев, каде беше пронајдено безживотно тело на едно лице, наредена е обдукција, а ќе се вештачи и возилото пронајдено до убиениот.

Според најновите неодицијални информации на Пресс24, 38-годишниот скопјанец Ненад Добраниќ синоќа завршил со прострелна рана во главата, откако во него пукал пријател поради наводен долг од 300 евра.

Соседите и пријателите на убиениот Ненад се во шок и велат дека тој добро се познавал со убиецот кој бил возач во едно од јавните претпријатија.

Полицијата го истражува случајот, а овие информации сеуште не се потврдени.