Хроника 28. мај 2019. / 12:19

Детали за пожарот во стан позади Универзална

Детали за пожарот во стан позади Универзална

Пожар избувна утринава во стан позади Универзална сала, на улицата „Христо Смирненски“.

Според МВР, станот кој се запали се наоѓа на поткровје на зградата, а пожарот избил во кујната.

Противпожарните екипи интервенираа навреме и спречија пожарот да се прошири во другите станови.

Од Противпожарната единица Скопје велат дека причина за пожарот е најверојатно електричната инсталација.

Од таму додаваат дека станарите биле евакуирани и дека нема повредени.

Извор: Фокус