Хроника 08. декември 2019. / 15:45

Детали за пожарот во стан на „Рузвелтова“

Детали за пожарот во стан на „Рузвелтова“

Пожар избувна денеска во стан на петти кат во зграда на улицата „Рузвелтова“ во Скопје.

Како што информира за МИА, командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски, со брза интервенција на пожарникарите пожарот е целосно изгаснат.

– Во 13.30 часот добивме дојава за пожарот. Интервенирано е со пет противпожарни возила со 15 пожарникари. Пожарот е комплетно изгаснат во 14 часот – информира Симоновски.

Командантот додава дека се утврдуваат причините за пожарот.