Хроника 12. јуни 2018. / 15:28

Детали за пожарот во Дебар Маало: Пожарникар се лизнал од скали, изгореа три стана

Детали за пожарот во Дебар Маало: Пожарникар се лизнал од скали, изгореа три стана

Во големиот пожар кој денеска избувна во Дебар Маало, изгора три стана, од кои еден дуплекс.

Ѕвонко Томевски, командант на противпожарната бригада, за макфакс вели дека гасењето се одвивало во отежнати услови поради дрвената конструкција и пукнатите водоводни цевки.

„Опожарени се три стана на 4 и 5 спрат“, рече Томевски.

За среќа, нема жртви, но повреден е еден пожарникар кој се лизнал на скалите.