Полицијата денеска информира детали за сообраќајна несреќа која вчера се случи во Охрид.
-Во 18,25 часот во Охрид на булевар „Железничка“ во Охрид, Е.Н.(45) од село Лабуништа, струшко, управувајќи патничко моторно возило „Бмв“ со струшки регистарски ознаки удрил во И.У.(18) и малолетник од Охрид. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил И.У. кој е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” во Скопје, информира СВР Охрид.
На малолетникот му е укажана лекарска помош во болницата “Св. Еразмо” во Охрид.
За настанот е известен јавен обвинител и извршен е увид на местото на настанот.