Хроника

Детали од МВР за убиството во Дебар: Откриен е идентитетот на семејството

Детали од МВР за убиството во Дебар: Откриен е идентитетот на семејството

Полицијата со детали за крвавото тројно убиство во Девар кое ја потресе македонската јавност.

Во 20.45 часот во полициската станица Дебар било пријавено дека во куќа на улица „1-Мај“ во Дебар, извршено е убиство. Засега непознат сторител, влегол во куќата сопственост на 54-годишниот А.П. и пукал кон него со пиштол, по што ги усмртил и неговата сопруга, 53-годишната Н.П. и нивната 14 годишна ќерка.

Извршен е увид на местото на настанот предводен од Јавен обвинител. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот и пронаоѓање на сторителот.