Полицијата со детали за крвавото тројно убиство во Девар кое ја потресе македонската јавност.
Во 20.45 часот во полициската станица Дебар било пријавено дека во куќа на улица „1-Мај“ во Дебар, извршено е убиство. Засега непознат сторител, влегол во куќата сопственост на 54-годишниот А.П. и пукал кон него со пиштол, по што ги усмртил и неговата сопруга, 53-годишната Н.П. и нивната 14 годишна ќерка.
Извршен е увид на местото на настанот предводен од Јавен обвинител. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот и пронаоѓање на сторителот.