Хроника 20. јули 2019. / 10:33

Детали: Бомбата во Прилеп била поставена во саксија за цвеќе

Детали: Бомбата во Прилеп била поставена во саксија за цвеќе

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп изврши увид во кафе бар „Кафе Ин” во Прилеп каде вчера околу 23:30 часот во саксија за цвеќе беше пронајдена бомба.

Во присуство на припадници од Одделот за антитерористичка заштита, првично е утврдено дека предметот е бомба што по наредба на јавен обвинител е подигната, обезбедена и испратена на вештачење.

Истовремено, издадени се насоки и наредби за целосно расчистување на настанот, соопшти денеска Јавното обвинителство.