Хроника

Десетина приведени по вчерашнтие протести за зачувување на уставното име

Десетина приведени по вчерашнтие протести за зачувување на уставното име

Десетина приведени по вчерашнте протести пред Собранието поради Договорот со Грција за промена на името и уставот на државата.

Според соопштението од МВР, за време на собирот, во 20.30 часот, дел од масата, во која имало и група на лица кои биле маскирани со „фантомки“, кон Собранието и кон кордонот од полициски службеници почнале да фрлаат со шишиња, пиротехнички средства, шипки, конзерви и еден молотов коктел (незапален). Во Полициската станица Центар, поради нарушен јавен ред и мир се приведени 10 лица.