Хроника 14. октомври 2020. / 13:05

Дедо и внук физички се пресметале во село Сирково

Дедо и внук физички се пресметале во село Сирково

Дедо и внук од Тиквешко синоќа физички се пресметале, информираше денеска портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

 Околу 20.30 часот во СВР Велес било пријавено дека во село Сирково, Росоман, по вербална расправија, настанала физичка пресметка помеѓу 59-годишник и неговиот 30-годишен внук, појасни Додевски.

Додаде дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.