Албанци со автомобил со македонски регистарски таблички му дупнале гума од автомобилот и успеале да му украдат 150.000 лева, односно 75.000 евра на бизнисмен од Софија, кој малку пред тоа ги подигнал парите од банка, јавува софиски „24 часа“.
Грабежот се случил вчера, а по Албанците е објавена потерница. Тие и нивниот автомобил бил снимен од безбедносна камера. Не е исклучено Албанците да имаат македонски и српски пасоши.
Лицата на Албанците се наоѓаат на сите гранични пунктови. Моментно се проверува како дознале кога и од каде бизнисменот ќе ги подигне парите. Парите биле во сеф, а не на сметка. Бизнисменот ги подигнал парите, зашто му претстоела бизнис-зделка. Тој поседувал мала семејна фирма.
„24 часа“ ја објави информацијата со дозвола на високи претставници на МВР со образложение дека тоа нема да предизвика никакви последици пред правосудните органи, зашто станува збор за престапници, кои не знаат да читаат на бугарски јазик.